Од кејот кај ГТЦ направија улица, сега е бесплатно паркиралиште

Улицата покрај кејот на Вардар се повеќе станува бесплатно паркиралиште.

Иако пред влезот во улицата, кај галијата, има предвидено подвижен заштитен столб кој треба да се спушта и да се подига и да овозможува влез само на возилата на Телеком и за дотур на стока, истиот подолго време е во функција, па таму се паркира кој ќе стигне.

Зошто не се санкционираат непрописно паркираните возила, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски се правда со недостаток на полицајци.

– Немаме доволно полицајци, па недостатокот го надополнуваме од други градови. А и недостасува соодветна дојава од граѓаните за непрописно паркирање. Мора да се подигне свеста бидејќи граѓаните треба да станат партнери на полицијата, рече Спасовски.

За градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилеов, состојбата со сервисната улица покрај кејот е последица од волунтаристичкото и без план работење на претходното градско раководство.

– Таму требаше да се изгради подземна сообраќајница, но не се направи од претходното градско раководство иако земаа пари од Телеком. Сега ние немаме 3-4 милиони евра да ја изградиме, затоа заедно со Телеком и со угостителите работиме на идејно решение кое ќе ги задоволи потребите и желбите на сопствениците на рестораните. Очекувам идејното решение да го добиеме на крајот на март годинава, рече Шилегов.

Тој нагласи дека Град Скопје во текот на изминатата година успеа да постави заштитни столпчиња со кои било спречено паркирање на тротоари и на велосипедски патеки во вкупна должина од над 4.000 метри.

cheap nike air max 90