Од казино во Скопје украдени над 125 илјади денари

Две непознати маскирани лица извршиле кражба во казино во Скопје, при што одзеле околу 125.600 денари.

Кражбата била пријавена вчера околу 23:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје.

Двете маскирани лица, од кои едното било вооружено со пиштол упаднале во казино на улицата „11 Октомври“ и со закана од вработените ги украле парите, по што го напуштиле местото на настанот

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.