Од идната година се очекува да станат задолжителни пневмококната и „рота“ вакцината

Од Нова година за сите бебиња во државата ќе се воведат две нови вакцини – едната против пнеумокок, другата против ротавирус. Со нив ќе се прошири календарот на имунизација, по препорака од Светската здравствена организација.

Вакцините ќе бидат задолжителни.

Надлежните за имунизација велат дека станува збор за вакцини кои ќе спречат тешки заболувања и сериозни компликации по здравјето на најмалите од опасните бактерии и вируси. На удар се децата до пет години. Според најавите, предвидено е да се модернизира и процесот кај вакцините кои децата ги примаат на 6 години и на 14 години.

Помалите деца до 2 годишна возраст како и новороденчињата се од особен ризик за појава на овие заболувања. Многу често оваа инфекција се јавува кај децата кои посетуваат градинки, како и деца со намален имунитет. Пневмококната вакцина е во редовен календар за имунизација во многу држави во светот, вклучувајќи државите од западна Европа, но и Словенија, Бугарија и Србија.

Со воведување на овие две вакцини согласно препораките СЗО и кои се веќе имплементирани во најголем дел од земјите во ЕУ и регионот нашиот календар за имунизација ќе биде осовремен и дополнет со сите потребни и препорачани вакцини со план од 2019 година да се воведат во редовен календар за вакцинација и пнемококната вакцина и вакцината против рота вирус.