„Од другата страна“ - Поетроника во живо на реновираната тераса на МНТ

Во среда, на 7 октомври, со почеток во 19.00 часот, Македонскиот народен театар ќе биде домаќин на „Од другата страна“ – едночасовно звучно и визуелно патување низ најновиот музички материјал на дуото Поетроника. 

Новите софистицирани звучни таписерии на Поетроника се создадени во соработка со врвни музички уметници од различни жанровски определби: Никола Коџабашија – клавијатури и синтисајзери, Нинослав Спировски – кларинет и саксофон и Надежда Рубен – придружни вокали. 

Промоцијата ќе се одржи во живо на реновираната тераса на вториот кат на Македонскиот народен театар, која со овој настан повторно се отвора како простор за музички и уметнички содржини. 

„Ве покануваме да ни се придружите заедно да ја доживееме музиката на Поетроника во новиот амбиент на МНТ. Влезот е бесплатен. Се гледаме на терасата“, порачаа од МНТ.