Вчера во 20.00 часот во Полициската станица Чаир, од домот „Ранка Милановиќ“ било пријавено дека нивниот штитеник Б.И. (18) самоволно ја напуштил установата и се оддалечил во непознат правец.

Се презмаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Претходно на  21.овој месец во 19:50 часот 12-годишен штитеник на установата самоволно се оддалечил во непознат правец и не се вратил. 

Истиот ден во 13:30 часот во Полициската станица Чаир, вработена во домот „25 Мај“ пријавила дека 15-годишен штитеник на домот на 21.05.2018 година околу 10:30 часот се оддалечил во непознат правец. 

Полицијата прави се за пронаоѓање на двете лица.