Од дневникот на една скопјанка: “Бебето од епрувета” ти е вештачко

Начинот на живот кој вклучува поголема количина стрес, се подоцнежно стапување во брак, одложување на бременоста за поголема возраст, неправилно лекуваните генитални инфекции, зголемената телесна тежина се дел од најзначајните ризик-фактори кои придонесуваат се поголем број двојки, не само во Македонија, да бараат лекарска асистениција за остварување на својата цел - раѓање здраво потомство!

Имам 35 години почустствував дека сум подготвена за бебе. И почнав да работам на случајот. Но, коцките не се подредуваат секогаш онака како што си замислил. За некого репродукцијата е лесна, за други е вистински предизвик и борба.

И тогаш, одеднаш почнаа коментарите....ти рековме да си побрзаш, еве, барај си го сега детето по болници. Ако ти е, имај си сега вештачко бебе од епрувета!

Слушам наоколу: бебињата добиени со помош на инсеминација и ин-витро процедура ви се вештачки бебиња!

По по овие злобни коментри, сакал нејќел добиваш чувство дека се ситат на твојата болка. Чувствуваш грижа на совест и веројатно плачеш поради ваквите коментари, те боли секое делче од твојата душа, додека тие лаат и истураат грст лоши зборови на твоја сметка.

Хм абе секој треба да си гледа за себе, па си реков на никому не му е гајле за вашите средновековни размислувања. Ова е моја одлука и избор.

А, за сите останати, бидете, храбри, останете смели и самоуверени и не дозволувајте очите да ви се полнат солзи поради лоши непрокопсани луѓе.

Бебиња можеби ќе се зачнат природно, а можеби ќе ја добиете тешката битка со инсеминација или ин-витро. Само оние кои го поминале овој пат ја знаат болката, неизвесноста и храброста која е потребна за да го издржиш сето тоа.

Ве прашувам дали има ништо страшно, ништо лошо во која и да било одлука?