Од денеска треба да почне исплатата на „Мој ДДВ“ со лимит до 2.100 денари

Од денеска треба да почне исплатата на „Мој ДДВ“ за првото тримесечје од годинава со зголемен лимит до 2.100 денари. 

Средствата што треба да се вратат кај граѓаните во првото тримесечје се проценуваат на околу 10 милиони евра. 

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска вчера во интервју за емисијата „Утрински печат“ изјави дека средствата се обезбедени во Буџетот. 

- Средствата што треба да се вратат преку оваа мерка за првото тримесечје се околу 10 милиони евра и тие средства се предвидени во буџетот. Ќе инсистирам секој почеток на тековна година да расте лимитот за поврат на ДДВ на физички лица, рече Лукаревска.

На предлог на Министерството за финансии, Владата на 27 декември лани го утврди Предлог-текстот на законот со кој лимитот за поврат на ДДВ се зголемува од 1.800 на 2.100 денари