Од денеска се укинува двосменскиот режим на сообраќање на автобусите

Од денеска (18.05), јавниот превоз ќе функционира од 5 до 19 часот, односно се укинува двосменскиот режим на сообраќање на возилата.

Сите возила вклучени во јавниот превоз, автобусите на ЈСП Скопје и на приватните превозници, ќе сообраќаат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе возат по редуциран делничен возен ред.

Возен ред е достапен за преглед на веб страницата www.jsp.com.mk

Од денеска (18.05.2020 год) почнуваат да работат сите билетарници на ЈСП Скопје и центри за персонализација.

И натаму не важат бесплатните средношколски и студентски билети, како и бесплатниот превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела.

И натаму, укнати се трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а не работи и Жичарницата.

ЈСП Скопје апелира на рационално користење на јавниот превоз и задолжително носење на заштитна опрема при користење на превозот согласно уредбите за заштита од Ковид 19.