Од денеска поевтини горива на бензинските

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинија за 1,5 денар, а дизелот за 2,5 денари.

Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,5 денар за литар.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,5 денари за литар, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,5 денари за литар.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за
домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 2,5 денари.

Новата цена на дизелот е 58,5 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 47 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 1,789денари и новата цена изнесува 30,037 денари за килограм.