Од денеска на табличките на возилата ќе стои „Северна"

Од денеска треба да почне издавањето на новите регистарски таблички за возилата со ознаката NMK.

Замената на старите регистарски таблички со новите ќе се врши постепено при регистрација на возилата.

Обврската за замена на табличките на кои е досегашната ознака МК со новата NMK произлегува од Договорот од Преспа со кој се реши спорот за името со Грција.

Од стапувањето во сила на Преспанскиот договор, досега се даваа бесплатни налепници со ознаката NMK на граничните премини при влез или излез на возилата од Република Северна Македонија. 

Покрај автомобилите, таблички со NMK ќе имаат и автобусите, камионите, мотоциклите, тракторите…, иако некои од овие возила никогаш не излегуваат од земјата.

Според правилникот за форма и изглед на сообраќајните регистрации, сите возила ќе мора да имаат регистарски таблички со ознаката NMK најдоцна до февруари 2024 година.