Oд денеска: Крстот во Аеродром осветлен со штедливи светилки

Крстот на крстосницата меѓу булеварите „Србија“ и „Трета македонска бригада“ во општина Аеродром од денеска ќе биде осветлен со штедливи светилки.

Како што информира општина Аеродром, осветлувањето на 56 метарскиот крст со распон на краците од 34 метри чини околу 6,5 милиони денари, инвестиција што треба да ги намали трошоците за електрична енергија.