Oд денеска градежни работи на овој пат

Поради изведување градежни работи (асфалтирање), од денеска до 12 септември 2022 на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 09:00 и 15:00 часот. Работите ќе се изведуваат само во работни денови.

Од 9 до 20 август 2022 и сообраќајот на патниот правец раскрсница Маврово – Галичник Р- 2238  е во прекин помеѓу 10:00 и 16:00 часот поради изведување градежни работи (асфалтирање). Работите се изведуваат само во работни денови.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.