Од денеска до вторник возилата ја ЈСП Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред, додека жичницата ќе функционира вообичаено од 10 до 17 часот, информира Јавното сообраќајно претпријатие.
- На ден 6.01.2025 год. (понеделник) Бадник, ќе се работи по неделен возен ред.
- На ден 7.01.2025 год. (вторник) Божик, ќе се работи по неделен возен ред.
Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на:
- Транспортен центар;
- Зелен пазар.
Жичницата на 4.01.2025 год. (сабота) и 7.01.2025 год. (вторник) Божик ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а на 6.01.2025 год. (понеделник) Бадник, вообичаено како и секој понеделник нема да работи.