Од денеска до петок четири скопски села ќе останат без вода

ЈП Водовод и канализација известува дека од денеска до 2.10 (петок) поради чистење и дезифекција на резервоар во с.Љубин, општина Сарај, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на селата: Љубин, Сарај, Глумово и с.Матка.

Жителите на овие четири села ќе имаат прекин во водоснабдувањето  во период од 09:00 до 13:00 часот.