Од денес, сервисна станица за велосипедите на Водно

Од денес, сите велосипедисти на Водно имаат на располагање сервисна станица со држач за велосипеди, алати и пумпа.

Станицата се наоѓа на вториот паркинг на Средно Водно.

Ја поставивме во соработка со градот за да им е од корист и помош на сите велосипедисти, пишуваат од Прв на врв. 

Затоа да ја чуваме и користиме како своја, за да биде исправна секогаш кога ќе ни затреба, апелираат тие.