Од денес поскапи патарини за возила со странски таблици - ова се цените

Во Србија од денес ќе се применуваат повисоки цени на патарините на автопатиштата за возила со странски таблици, најавија од Патишта Србија.

Новите цени за возила со странски таблици се воведуваат поради усогласување во девизниот ценовник на патарини со важечки курс на еврото, се наведува во соопштението. На пример, патарината за автомобили од Белград до Ниш наместо 6,5 евра, ќе чини 7 евра.

Усогласувањето на девизниот ценовник за наплата на патарините односно промена на цените изразени во евра се правело согласно промената на официјалниот среден курс на НБС од плус или минус три отсто.

Курсот во текот на 2018 година бил значајно понизок од наведениот курс во 2014та и бидејќи е стабилен подолг временски период Патишта Србија, согласно со Владата ја измениле претходната одлука во делот кој се однесува на критериумите за усогласување на девизниот ценовник на патарини.

Новата одлука го дефинира и заокружувањето на цените во евра така да вредноста од 0,01 до 0,49 евра се заокружува на 0,50 евра, а од 0,51 до 0,99на 1,00 евро.