Од април, ЈСП ќе воведе билет за едно возење

Од април, ЈСП „Скопје“ ќе воведе билет за едно возење. Според постојниот систем за електронска наплата кој беше воведен во јануари 2017, билет за едно возење не може да се купи ниту во билетарниците . Едно возење може да наплати единствено преку плаќање со телефон.


„ЈСП ‘Скопје‘‚ планира во текот на месец април да воведе електронски билет за едно возење, а од месец јуни да се имплементира и напредна апликација за смарт уреди со кои на граѓаните ќе им се овозможи максимална флексибилност при користење и купување на нашите услуги“, велат од јавното претпријатие.

Електронските картички „скопска“ кои се пуштени во продажба се со нов дизајн. Нов дизајн имаат и двата вида картички, персонализирани и неперсонализирани.

Цената и функционалноста на новите картички останува иста како и на старите. Новите „скопска“ имаат и холограмска заштита, која овозможува поголем степен на безбедност од злоупотреба. Во употреба остануваат и картичките со стар дизајн.