Од АХВ велат дека во Македонија има увоз од Полска, но месото кое е од таму е безбедно за употреба

Полското расипано месо од болни крави се шири низ пазарите во Европа. Грција е последна земја на листата во која е увезено расипано месо од Полска.

И покрај тоа што од македонската Агенција за храна и ветеринарство тврдат дека полско расипано месо нема во Македонија, сепак информацијата дека оваа месо стигнало на грчкиот пазар подгреа сомнеж кај граѓаните дека ова месо нема да се најде и на македонскиот пазар. Оваа вест ги исплаши македонските граѓани и ја намали нивната доверба во квалитетот на месото кое се увезува на нашиот пазар.
Од АХВ велат дека во Македонија има увоз од Полска, но месото кое е од таму е безбедно за употреба. Увозот се врши исклучиво од одобрени земји за увоз, од одобрени објекти и задолжително со ветеринарно здравствен сертификат кој ја следи пратката, со кој се гарантира безбедноста. При увоз се врши задолжителна контрола на секоја пратка. Покрај задолжителниот преглед на документацијата, се врши и физички преглед на пратките. Контроли се вршат и при истовар на увезените пратки.
Оттаму објаснуваат дека во рамки на одредени мониторинг програми и при сомнеж, од пратките кои се увезуваат се земаат и мостри за лабораториска анализа. За истите не се дозволува увоз во земјава, односно пратките се ставаат под надзор, се додека не се добијат резултати од направените лабораториски анализи со кои се потврдува дека пратката е безбедна.
Европските експертите велат дека ова месо е многу опасно за здравјето на луѓето и може да предизвика труење во организмот. Месото е добиено од болни и заразени крави кои едвај одат и кои требало да бидат убиени и фрлени, а не да се колат и да се користат за човечка употреба. Оваа месо никој не го контролирал и самите касапи ставале ознаки дека е во ред и оти може да се јаде. Од месото со нож се ваделе скапаните делови, а месото се разубавувало надворешно, се бележело како здраво и одело за продажба.
– Одблиску го следам случајот и побарав од инспекторите во мојот тим да бидат во Полска за да ја проценат состојбата на терен. Приоритет е да се пронајдат и повлечат сите производи кои доаѓаат од таа касапница, изјави еврокомесарот за безбедност на храната, Витени Андриукаитис.
Тој ги повика полските власти да спроведат темелна истрага и да ги преземат сите потребни мерки за почитување на правото на ЕУ, вклучително и “ефикасни и брзи казни# против ова “криминално однесување#, кое претставува ризик за јавното здравство и сведочи за „неприфатлив третман на животните#.
Грција и Чешка се последните земји во кои е пронајдено увезено расипано месо од полска касапница, а земјите во кои е потврдено присуство на ова месо се Германија, Шпанија, Естонија, Финска, Унгарија, Литванија, Летонија, Португалија, Романија, Шведска, Словачка и Словенија.
Европската комисија не одговори колкаво вкупно количество од ова месо извезено во ЕУ се нашло кај потрошувачите. Франција соопшти дека од 2,7 тони извезено месо продадени се 795 килограми во земјата, 650 килограми се пронајдени, од кои 500 килограми се уништени. Останатите 145 килограми се идентификувани, но не е извесно дали дел од тоа месо се уште се наоѓа на пазарот.
Полските власти информираа дека касапницата во која се колеле болните крави е затворена и дека се уништуваат производите кои доаѓаат оттаму. 

new nike air max 2019