Од 8 до 14 часот вода ќе нема во село Бојане во Сарај

Без вода денеска ќе бидат жителите на село Бојане во Сарај, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.

Како што информираат оттаму, прекинот на водоснабдувањето е поради чистење и дезинфекција на резервоарот за питка вода во селото и ќе трае од 8 до 14 часот.