Од 68 тестирани, ниту еден средношколец не е позитивен на корона вирус

Продолжува скринингот за Ковид-19 во средните училишта во земјата. Резултатите вчера покажаа дека шеесет и осумте тестирани ученици од средното училише „Зеф Љуш Марку“ во Скопје се негативни на Ковид-19, а скрининг се спроведуваше и во Средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Освен во овие две училишта, скрининг на учениците ќе се спроведе во уште седум средни училишта во Скопје.

Вчера беа тестирани и 258 други средношколци. Низ државата тестирањето продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа.

– Иницијативата за скринингот за Ковид-19 е добра и за нас и за нашите ученици, за да бидеме сигурни дека тие се негативни за нашата безбедност. За сите тестирани ученици резултатите ни ги кажаа здравствените работници кои беа дојдени во нашето училиште, сите беа негативни и не израдува веста дека сите се негативни. Во секое училиште се почитуваат протоколите од Министерството за здравство во соработка со Министерсвото за образование и наука, изјави Ајше Беќировска, специјален едукатор и рехабилитатор во средното училиште „Зеф Љуш Марку“.

Медицинскиот техничар Денис Јанкуловски од Центарот за јавно здравје – Скопје во изјава пред Медицинското училиште „Панче Караѓозов“ рече дека тоа е второ училиште каде се спроведува скринингот.

– Тоа се брзи скрининг тестови кои се слични до некаде како и тие што земаме брисеви и за коронавирусот. Резултатите се добиваат во рок од три до четири минути. Не треба да се грижат родителите, да не се мислат, бидејќи тоа се истите брисеви како кога ги носат децата за откривање бактерија на Микробиологија и истите брисеви кои се користат за санитарни прегледи, објасни Јанкуловски.