Од 500 до 1.000 евра по квадрат - еве како се движи цената на становите низ Македонија

За само едно тримесечје продажбата на станови се намалила за 35%, но цената по метар квадратен расте. Според податоците од Агенцијата за катастар, во вториот квартал годинава, во екот на пандемијата, се реализирале скоро 3.200 продажби, односно за околу 1.700 помалку од претходниот квартал.

Но, цената на становите расте. Во главниот град најмногу поскапеле становите во Центар, Ѓорче Петров и Гази Баба, каде просечната цена за метар квадратен се зголемила за педесетина евра.
Кисела Вода е единствената општина каде е регистриран пад на цената за 10 евра.

ОПШТИНА

ПРОСЕЧНИ ЦЕНИ
АПРИЛ-ЈУНИ 2020

ПРОСЕЧНИ ЦЕНИ
ЈАНУАРИ-МАРТ 2020

РАЗЛИКА ВО ЦЕНИ

ЦЕНТАР

1.021  ЕВРО / М2

973  ЕВРА / М2

+4,9%

КАРПОШ

944  ЕВРА / М2

934  ЕВРА / М2

+1,1%

АЕРОДРОМ

903  ЕВРА / М2

892  ЕВРА / М2

+1,2%

КИСЕЛА ВОДА

849  ЕВРА / М2

859  ЕВРА / М2

-1,2%

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

725  ЕВРА / М2

674  ЕВРА / М2

+7,6%

ГАЗИ БАБА

698  ЕВРА / М2

628  ЕВРА / М2

+11,1%

Слична е состојбата и во другите поголеми градови низ земјава.
За дури 100 евра поскапо се продавал метар квадратен во Кочани, а во Струга и Битола цената за квадрат скокнала за околу 50 евра.
Поефтини биле недвижнините во Струмица и Куманово, каде цената паднала за 60, односно 70 евра по квадрат.

ОПШТИНА

ПРОСЕЧНИ ЦЕНИ
АПРИЛ-ЈУНИ 2020

ПРОСЕЧНИ ЦЕНИ
ЈАНУАРИ-МАРТ 2020

РАЗЛИКА ВО ЦЕНИ

ОХРИД

712  ЕВРА / М2

694  ЕВРА / М2

+2,6%

БИТОЛА

612  ЕВРА / М2

559  ЕВРА / М2

+9,5%

ШТИП

555  ЕВРА / М2

525  ЕВРА / М2

+5,7%

СТРУГА

518  ЕВРА / М2

468  ЕВРА / М2

+10,7%

КОЧАНИ

514  ЕВРА / М2

413  ЕВРА / М2

+24,5%

СТРУМИЦА

472  ЕВРА / М2

534  ЕВРА / М2

-11,6%

КУМАНОВО

459  ЕВРА / М2

527  ЕВРА / М2

-12,9%

 

Градежниците велат дека растот на цените на становите е очекуван поради поскапувањето на градежните материјали, работната сила, но и поради сè поквалитетните градби.

Познавачите очекуваат дека трендот на поскапување на становите нема да запре дури и во услови кога економијата паѓа, бидејќи за луѓето недвижнините се сигурна инвестиција.

Според Катастар, во моментов има околу 6.500 новоизградени непродадени, а двојно повеќе станови се во градба.