Од 11 јавни чешмички во Општина Центар, девет се целосно во функција - Герасимовски вели дека се работи на дефектите на останатите две

Во овие летни денови, важно ми е граѓаните да имаат пристап до безбедна вода за пиење и уредени јавни простори. Од 11 јавни чешмички во Општина Центар, девет се целосно во функција, а на преостанатите две активно работиме на отстранување на дефектите, информираше денеска градоначалникот, Горан Герасимовски.

Тој посочи дека во тек е поставување нова иноксна чешмичка на улицата „Орце Николов“, на местото каде што старата беше исклучена поради дефект.

Воедно додаде и дека изминатиот период замениле седум стари чешмички со нови.

„Продолжуваме со редовно одржување на системите за автоматско наводнување и зелените површини. Продолжуваме одговорно да инвестираме во инфраструктурата и секојдневно да работиме за почист, поуреден и пофункционален Центар за сите“, порача Герасимовски.