
Предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР). Според истиот се предвидува целосна забрана за пушење во затворени простории и ќе биде дозволено само во строго дефинирани отворени простории. Ќе се забрани и продажбата на парче, а се предвидуваат и високи казни за непочитување.
Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, на својот „X“ профил ги објави клучните поенти кои ќе ги донесе законот прашувајќи „Подготвени за пресврт за пушењето во Македонија?“.
Како што наведува тој овој закон ќе биде ќе биде меѓу најстрогите закони во регионот (со забрана во затворен простор, вкусови и реклама).
Што е ново и што се менува?
- Регулација на нови производи (е-цигари, загреан тутун, никотински производи) - за првпат се уредуваат, како и цигарите
- Крај на ароматизираните производи – забранет увоз, производство и продажба на: цигари, електронски цигари, загреани тутунски производи (HTP), бездимни тутунски и никотински производи (на пр. џвакачки, снус, никотински кесици итн.) со вкусови: овошен, ментол, слатки, билни…, освен природниот тутунски вкус
- Тотална забрана на реклама, промоција и спонзорство – вклучително социјални мрежи, инфлуенсери, настани, филмови/серии (освен со предупредување)
- Цигарите и е-цигарите ќе се кријат - забрана за изложување во продавница, само во затворени шкафови, забрана за продажба во здравствени и образовни установи, и др.
- Целосна забрана на пушење во затворени јавни и работни простории, пред здравствени и други установи и во други јавни простори
- Забрана во приватен автомобил ако има дете – пасивното пушење повеќе нема да им штети на децата во кола
- Високи казни – до 5.000 евра за фирми, 100–300 евра за граѓани на лице место.
Ова е деталниот список: Каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење.
Подготвени за пресврт за пушењето во Македонија?
Деновиве е објавен предлогот за нов Закон за заштита од пушење. Што е ново и што се менува?
Регулација на нови производи (е-цигари, загреан тутун, никотински производи) - за првпат се уредуваат, како и цигарите
Крај на…— Сашо Клековски (Sašo Klekovski) (@sklek) January 14, 2026