Од 1 март попис во дипломатско-конзуларните канцеларии

Од 1 март започнува попишувањето на Македонците кои не живеат во Македонија, без оглед на тоа кога ја имаат напуштено земјата, најави министерот за надворешни работи Бујар Османи, заедно со директорот на ДЗС Апостол Симевски.

Османи рече дека ова е историски случај бидејќи за прв пат ќе се регистрира нерезидентно население и ќе се смета за општ дел од населението за време на пописот.

Во понеделник, на 1 март, започнува пописот на неколку категории граѓани. Еден месец пред останатите ќе бидат попишувани припадниците на Армијата, вработените во Дипломатско-конзуларните претставништва, затворениците, бездомниците, но и оние државјани што живеат надвор од земјава.