Од 1 јули – поскапи цигари

Почетокот на идниот месец ќе донесе повисоки цени на цигарите за околу четири денари.

Од почетокот на идниот месец се очекува да поскапат цигарите за околу четири денари. Од 1 јули 2016 до 1 јули 2023 година акцизната стапка за цигарите ќе се зголемува за 0,20 денари за цигара секоја година, поради што од почетокот на наредниот месец се очекува цигарите да поскапат за 4 денари.Со ваквото покачување, до 2023 година се очекува кутија цигари да поскапи и за 40 денари.