Очигледно заврши како што кажав, го решивме проблемот со приватните превозници, вели Арсовска

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска гостуваше во вестите на „ТВ24“ и кажа дека го решила проблемот со приватните превозници.

-Проблемите ги создадоа СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Секој ден велат дека нема автобуси, а на Совет ја бојкотираат одлуката за набавка на нови 250 автобуси. Понудено им е да изберат банка, но тие тераат инает. Очигледно заврши како што кажав, ние немавме долг и го решивме проблемот. Само сакаме чесно да се работи. Овие луѓе кои влегуваат во системот се чесни. Од утре решението е правосилно, кажа Арсовска.

Приватните превозници прекинаа да возат низ скопските улици во ноември 2022 година поради неисплатени долгови, а потоа со повеќе од 300 автобуси ги блокираа важните крстосници во Скопје.