Очигледно поважна им е кампањата отколку хигиената, реагираат карпошани

Карпош, една од најурбаните скопски општини, изминатава седмица очигледно беше „окупирана“ од предизборната кампања, па така отпадот остана цела недела не чепнат покрај контејнерите. 

Карпошани реагираат, споделувајќи слики од овој дел од градот. 

-Хигиената во Карпош 1, на само 20 метри од диспанзерот е запрепастувачка, седми ден по ред сметов стои на истото место. Очигледно поважна им е кампањата отколку хигиената на територијата на Општина Карпош... Нека ви служи на чест!!!