Очевидци говорат за страотната несреќа кај Драчево

Ноќеска пред влезот на скопската населба Драчево, се случи тешка сообраќајна несреќа, во која според првичните неофицијални информации на лице место загинале три лица, а две лица со тешки повреди подоцна починале во скопските клиники.

До несреќата дошло кога се судриле рено5 кампус и камион за собирање на смет.

Според неофицијалните информации една од жртвите е девојче. Очевидци изјавуваат дека реното се движело со преголема брзина и изгубило контрола и удрило во камионот.

Моментално патот кон Драчево е затворен се врши увид.

На терен е присутна и противпожарна екипа и амбулантни возила. Полицијата навува детали за вечерашната несреќа во текот на утрешниот ден.