„Очекувам Универзална да ја претвори во биртија“ - Лавина од реакции на „Х“ по изборот на Миро Кацаров за в.д. директор на Универзална сала

На социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер), по објавата дека водителот Миро Кацаров бил именуван за в.д. директор на Универзална сала, се појавија лавина реакции.

Во објавите многумина реагираат преку објавување на некои негови претходни изјави или активности, алудирајќи дека тој не бил соодветен избор за функцијата.

Има и такви објави кои раскажуваат за политичките трансфери кои што Миро ги направил во минатото. 

Има и такви кои што се полни со сарказам и на момент се комични.

Некои пак се чудат и дека воопшто постои функција која што во овој момент може да се обавува во рамки на Универзалната сала.

А имаше и секакви други различни коментари.