Очајна е мајката на Кујтим Фејзулаи: Каде згрешив?

Австрискиот дневен весник Хеуте објави нови детали за животот на 20-годишникот Кујтим Фејзулаи, кој ја зави Виена во црно.

Тој од станот на неговите родители во Лиесинг се преселил во негов стан на 1 мај 2020 година. А, од неговите соседи никогаш немало поплаки против него.

Сега во зградата каде што живеел само траги од уништување на скалите на старата зграда, како и заменетите алуминиумски врати сведочат за крајно драматична полициска акција кога австриските специјалци ја разнесоа влезната врата и извршија претрес во станот.

Соседите сè уште се опоравуваат од преживеаниот шок.

„Околу 1.20 часот наутро се разбудивме со насилна интервенција. „Сите светла во нашата зграда беа истовремено вклучени“, изјавил еден од нив за Хеуте.

Никој од нив не сака да верува дека некој фанатик на ИД живеел меѓу нив.

Кујтим Фејзулаи, кој е роден во Австрија, израснал во Медлинг бил кога бил помал бил талентиран фудбалер. Учел во средното техничко училиште Отакринг кое подоцна го напуштл.

Наместо да школува, тој го избрал да го следи патот на радикални проповедници. Во септември 2018 година, Кујтим полета од аеродромот во Виена до Истанбул и понатаму кон Хатај. Но, синот на градинар и домаќинка не пристигна во Сирија. Тинејџерот е уапсен и вратен во Австрија.

Мајката очајно го осудува својот син. Адвокатот Николаус Раст за Хеуте се присетува на деталите: „Никогаш не би застапувал религиозен фанатик. Го прифатив само за неговата мајка, потполно западна жена, која седна плачејќи со мене и ме праша: ’ Каде згрешив? ’“, Вели Раст.