Оценете ја работата на сообраќајната полиција: МВР прави анкета

Министерството за внатрешни работи прави истражување на јавното мислење за работата на сообраќајната полиција.

-Изминатите неколку месеци Полициските станици за безбедност во патниот сообраќај во Тетово, Гостивар, Куманово и Охрид започнаа со употреба на камери за регистрирање на контактот со граѓаните. Овој проект е имплементиран со поддршка на Амбасадата на САД во Северна Македонија и ИЦИТАП меѓународната програма за помош и обука при водење на кривични истраги на министерството за правда на САД. Проектот веќе во следна фаза планира имплементација на системот за снимање со камери на територија и на другите Сектори за  внатрешни работи ширум државата со што целата сообраќајна полиција би била опремена со таков систем со кој ќе се отстрани било каква можност за коруптивно и незаконско постапување. Со цел оценка системот на мобилниот систем за снимање со камера (МССК) ги покануваме граѓаните кои имале искуство со сообраќајна полиција опремена со систем за снимање со камери да ја искористат можноста да ја пополнат анкетата со цел оценување и понатамошно развивање на овој систем, се вели во повикот.

Анкетата можете да ја пополните на следните линкови:

-МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

-АЛБАНСКИ ЈАЗИК