Обвинителството од Скопје нема покренато истрага за случајот со 13-годишното девојче кое ја разбрани јавноста

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката Ивана Туфегџиќ, денеска рече дека Обвинителството од Скопје немало покренато истрага за случајот со 13-годишното девојче кое ја разбрани јавноста, бидејќи немале утврдено познат сторител.

- „Обвинителството во Велес води постапка против конкретен сторител, а во Обвинителството во Скопје за истиот случај нема поднесено кривични пријави, туку само службени забелешки. Во овие, нема посочено конкретни сторители на кривични дела и според тоа водена е постапка само за утврдување на сторителот на кривични дела и досега ние немаме повратни информации кои ги баравме од Министерството а внатрешни работи. Точно е дека во ОЈО Скопје кривична пријава од родителите на детето била поднесена. ОЈО Скопје донело решение кое што се уште не е правосилно“, одговори Јовески.