Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката Ивана Туфегџиќ, денеска рече дека Обвинителството од Скопје немало покренато истрага за случајот со 13-годишното девојче кое ја разбрани јавноста, бидејќи немале утврдено познат сторител.

- „Обвинителството во Велес води постапка против конкретен сторител, а во Обвинителството во Скопје за истиот случај нема поднесено кривични пријави, туку само службени забелешки. Во овие, нема посочено конкретни сторители на кривични дела и според тоа водена е постапка само за утврдување на сторителот на кривични дела и досега ние немаме повратни информации кои ги баравме од Министерството а внатрешни работи. Точно е дека во ОЈО Скопје кривична пријава од родителите на детето била поднесена. ОЈО Скопје донело решение кое што се уште не е правосилно“, одговори Јовески.