Финансиската полиција до јавното обвинителство поднесе кривична пријава за режисерот Милчо Манчевски и неговата фирма „Банана филм“, во врска со неговото и финансиското работење на неговата фирма за потрошени 950.000 евра државни пари за кои тој не доставил извештај во Агенцијата за филм.
Пријавата од финансиската полиција се однесува и на уште еден предмет со финансиски импликации по државниот буџет и се однесува на одделни финансиски трансакции преку овдешната фирма на Манчевски, преку „Банана филм“ и неговата компанија регистрирана во Њујорк, САД.
Своевремено, за ова, од страна на Агенцијата за филм, беа известени сите надлежни инстанци како и Државната комисија за спречување на корупција.
Управата за финансиска полиција ја заврши истрагата за сомнителните трансакции на близу 1.000.000 евра на продуцентската куќа „Банана филм“ на Милчо Манчевски и поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство, а оттаму велат дека „пријавата е примена и се постапува за да се испитаат наводите“.
Финансиската полиција, по наредба на ОЈО и во координација со обвинителството, скоро две години водеше истрага за сомнителни трансакции на 950.000 евра на „Банана филм“. Истрагата покажала сериозни индиции за проневерени буџетски средства и случајот го препрати до во Јавното обвинителството.
Изминатиов период, по реакциите на Агенцијата за филм каде што Манчевски требало да се оттчита за потрошените државни пари, да поднесе извештај како што тоа го налагаат Законот и актите на Агенцијата, повеќе медиуми трагаа по одговорите за евентуалните финансиски злоупотреби и се обидоа да го расветлат случајот детално пренесувајќи аргументирани и документирани податоци кои упатуваа на финансиски злоупотреби во работата на „Банана филм“.
Режисерот Милчо Манчевски е корисник на Национална пензија што државата ја доделува на заслужни уметници.