Обвинителството преку соопштение извести дека се проширува предметот „Адитив“ при што се приведени осум лица од Битола, Кичево и Велес и извршен е претрес на една локација во Велес. Од обвинителството посочуваат дека три лица осомничени од претходно се товарат за кривично дело „перење пари“
„Како резултат на обезбедениот доказен материјал, донесена е уште една Наредба за спроведување на истражна постапка против 11 лица за кои постои основано сомнение дека три лица опфатени со претходната истрага сториле и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело. За истото дело се осомничени и уште пет други лица од кои на првоосомничената се товари и за кривично дело Злосторничко здружување. На три лица опфатени со истражната постапка им се става на товар дека ја злоупотребиле службената положба и овластување. Воедно, во предметот покрај досегашните четири кривично одговорни правни лица опфатено е уште едно правно лице чиј сопственик и управител е првоосомничената“, се вели во соопштението
Од обинилтеството додаваат дека со судија на претходна постапка е доставен предлог за продолжување на мерката притвор против првоосомничената и мерки на претпазливост за останатите осум осомничени, додека за тројцата осомничени за кои веќе се води истражна постапка остануваат претходно изречените мерки за обезбедување на присуство.
„Во меѓувреме дополнително на предлог на обвинителството доплнително се замрзнати 22.399.953, 00 денари и едно патничко моторно возило во вредност од 4.735.000,00 денари“, се додава во соопштението.