Обвинителство: Крпач се самоубил

Основното јавно обвинителство од досегашниот тек на предистражната постапка во предметот за Коста Крпач кој беше пронајден починат, утврди дека станува збор за самоубиство.

- И покрај тајноста на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство – Скопје за утврденото ја известува јавноста дека се работи за самоубиство, со цел отстранување на шпекулациите, стои во соопштението.

Постапката по предметот во Обвинителството и натаму тече за утврдување на причините и околностите под кои настапила смртта.