Обвинителство Битола: Постапка против 72-годишник, се обидел со пиштол и хебла да ограби канцеларија за брзи кредити

Основнотно јавно обвиниелство Битола преку соопштение информираше дека е покрената посапка против лице на возраст од 72 години кои се обидело да ограби канцеларија за брзи кредити со пиштол и хебла.

„Осомничениот 72-годишник, на 15 јануари, влегол маскиран во канцеларија за кредитирање на улицата “Прилепска” во Битола и со употреба на сила се обидел да одземе парични средства со намера противправно да ги присвои. Со хебла во едната рака и огнено оружје – пиштол во другата, тој се заканил на вработената и побарал од неа да ги стави парите во торбичка што и ја подал. Таа одбила по што ја удрил неколку пати со хеблата по раката и телото. Оштетената избегала надвор од објектот, по што и осомничениот го напуштил местото.

Разбојништвото се обидел да го изврши со пиштол марка „Црвена застава“ што го држел неовластено. При претрес во домот каде престојувал било пронајдено оружјето и осум куршуми“.

Од обвинителството посочуваат дека до судија на претходна постапка е доставен предлог за определување мерка притвор за ова лице.