Обожавателите за споменикот на Тоше во Хрватска: Слика од лош агол или целосно промашување?

Неколку дена по поставувањето на споменикот на Тоше во близина на местото каде загина, реакциите на неговите обожаватели никако да запрат. На социјалните мрежи постојано се реагира дека споменикот воопшто не личи на нашиот популарен пејач, кој беше сакан и на целиот Балкан. 

По реакциите, авторот на споменикот Славко Буниќ смета дека фотографиите се снимени од лош агол, па затоа и доаѓаат вакви бурни реакции. Тој во разговор со Фокус изјави дека и самиот бил вчудоневиден од тоа како изгледа споменикот на слики. 

„Не сум видел ништо пострашно. Дали се натпреварувате да направите „подобар“ цртан филм? Зарем ни малку не го цените овој прекрасен човек? Што е ова? Фарса? Не ви е срам? Отстранете го затоа што сите ви се смеат… Да се ​​уништи ликот на Тодор Проески на таков начин е толку болно што ми е тешко да ги најдам вистинските зборови за да го опишам овој срам“, се само дел од коментарите на бесните фанови.

Некои обожаватели велат дека „среќа што е напишано кој е, бидејќи не би препознале“, па му порачаа на авторот на статуата да си купи очила од парите кои ќе ги добие за своето дело. 

Други пак, сметаат дека дури ни Македонците не би го препознале споменикот, па дури и би се збуниле дека е статуа на Тома Здравковиќ.

Други обожаватели, пак, сметаат дека статуа не може реално да долови како некој изгледал во живо и дека во целата оваа приказна, најважен е гестот на авторот и на Хрватска, за да се оддаде чест на пејачот кој беше популарен на овие простори, а трагично го изгуби животот во сообраќајна несреќа. 

Една фан-страница на Инстаграм ги спореди споменикот во Скопје и тој во Хрватска, со заклучок дека се многу слични и дека е срамота да се критикува ваквиот гест. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by (@tproeski1610)