Обоени фотографии од поранешниот Офицерски дом во Скопје по земјотресот во 1963-та

Во Фејсбук-група која тематски обединува „стари скопјани“, еден нејзин член - Ми Ха, сподели многу интересна објава, од негови обиди за боење и реставрирање на стари црно-бели фотографии, од поранешниот Офицерски дом во Скопје по земјотресот во 1963 година.

Во објавата овој скопјанец ги сподели реставрираните - обиени фотографии, додека во коментарите ги сподели оригиналните црно бели фотографии. И навистина, кога ќе се споредат фотографиите, може да се забележи како боите ги „оживуваат“.

„Мои обиди за боење, зголемување и изострување на три стари црно-бели фотографии на кои се прикажани двата од вкупно трите големи кристални лустери (како и демонтажата на едниот од нив), кои висеа во главната хала во поранешниот Офицерски дом во Скопје, фотографирани неколку дена после катастрофалниот земјотрес во Скопје, 1963-та година“, гласеше објавата на Ми Ха.