Обновени училници во скопско училиште кои со години биле затворени и неупотребливи

Во училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром целосно се реновирани училници кои со години биле неупотребливи.

Училниците, кои 15 години не се во употреба, деновиве Општина Аеродром за прв пат целосно ги реновира од кога е изградено училиштето и наскоро ќе бидат приспособени за настава.

Тие добија нов под, обновени ѕидови, сосема ново осветлување, како и нови прозорци и врати. 

Увид во основното училиште изврши и градоначалникот Златко Марин. 

Еве како изгледаа претходно училниците: