Вработените на ЈП "Паркови и зеленило" за кратко време извршија обновување на дрвената декоративна куќичка која викендов беше уништена од несовесни посетители во Градскиот парк, враќајќи го нејзиниот уникатен првобитен изглед.

Инаку екипите на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ неодамна изработија куќичка од трупецот на едно старо исушено дрво во Градскиот парк.

Идејата е во иднина стеблата на сувите или болни дрвја место да се сечат до земја, да прераснат во разни интересни форми кои ќе претставуваат радост за сите минувачи. 

Една од куќичките деновиве беше уништена.