Обновена хоризонталната сигнализација на булевар „Борис Трајковски“ и улицата „Христо Татарчев“

Изминатиов период е обновена хоризонталната сигнализација на булевар Борис Трајковски и улицата Христо Татарчев.

Екипите од ЈП „Улици и патишта“, Скопје, во следните денови продолжуваат и со обнова на хоризонталната, но и вертикалната сигнализација и на ново реконструираната улица Јустинијан Први во општина Кисела Вода. Акцијата се обележување на хоризонталната сигнализација на градските улици и булевари се одвива во ноќните часови, кога има намалена фрекфенција на возила, како што објавија градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска. 

-Паралелно со обележувањето на хоризонталната сигнализација на градските улици се обновува и вертикалната сигнализација. Дел од оштетените сообраќајни знаци на градските улици се поправени, а каде што има потреба поставени се нови сообраќајни знаци. Според однапред утврдена динамика на Град Скопје и Секторот за сообраќај, екипите на ЈП Улици и патишта продолжуваат во наредниот период со обновување и бележење на хоризонталната сигнализација на сите сообраќајници со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот - напиша Арсовска на официјалната Фејсбук страница.