Обновена бојата на 110 такси станици на улиците и булеварите во Скопје

Екипи на Јавното претпријатие Улици и патишта – Скопје по налог на Град Скопје изминатиов период интензивно работеа на обнова на избледената хоризонтална сигнализација на такси станиците на градските сообраќајници.

Такси станиците беа обележувани во рамките на пролетната работна акција, а паралелно се работеа и на останатите градски улици. Од 162 такси станици досега е обновена хоризонталната сигнализација на 110 такси станици кои располагаат со вкупен капацитет на 590 такси места.

Во општина Карпош обележани се 17 такси станици со 114места, во Центар 24 такси станици со 162 места, во Аеродром 11 такси станици со 62 места, Гази баба се обележани 9 такси со 46 места, во Кисела Вода 12 такси со 88 места, Бутел 5 такси станици со 27 места, Чаир 12 такси станици со 59 места и Шуто Оризари 4 такси станици со капацитет на 16 такси места.

Во рамките на пролетната акција која неделава е во тек во општина Ѓорче Петров обележани се три такси станици со капацитет на 16 такси места.

Во текот на наредните денови со почетокот на екипите продолжуваат со ноќното обележување на такси станиците и на останатите градски сообраќајници каде што е потребна обновата на хоризонталната сигнализација, најавија надлежните.