Обложувалниците ќе работат „онлајн“

Напуштање на стариот начин на обложување или воведување новини? Министерствoто за финансии предлага обложувалниците да работат онлајн. Според познавачите ова е прв чекор кон решението кое веќе некое време се заговара – да се стави крај на уплатните места за љубителите на обложувањето.

Министерката за финансии вели дека обложувалниците не се затвораат и дека се работи за старото решение кое досега не беше импементирано.

И пред кризната состојба беа изработувани одредени компаративни анализи бидејќи сите земји го имаат овозможено и ова е од една страна важно во овој период од аспект на тоа дека 8.000 лица работат во индустријата, а од друга страна затоа што е нешто што во секој случај би било имплементирано и во насока на подобрување на регулативата. И така треба да се гледа. Доколку е контролирана средината, доколку имаме јасна и прецизна регулатива ќе можеме да се справиме и со овој проблем – физичките локации кои стануваат сè почести и повеќе ги има заедно со оние уплатно-исплатни места“, рече министерката Ангеловска.

Од Асоцијацијата на Спортски обложувалници велат дека се во преговори со Министерствто за финансии и дека тие имаат лиценци за да продолжат да работат на стариот начин. ЈА поздрвауваат идејата и тие да можат да организираат онлајн обложување кое сега го прави само Државната Лотарија.

„ Сепак, одлуката и условите за онлајн обложување сеуште се во процес на договрање. Доколку уредбата биде прифатлива за сите засегнати страни, истата ќе овозможи и Република Македонија како сите земји во регионот да имаат вака организирана игра, дополнителни приходи во буџетот и подобри услови за играчите. Според проценките на нашата организација, меѓу 40 и 50 милиони евра годишно се одлеваат на странски сајтови за онлајн обложување и игри на среќа. Прифатливо законско решение за онлајн обложување би ги насочило овие средства кон домашниот буџет.

Обложувањето во земјава дава значаен придонес за буџетот. Околу 40 милиони евра се прибираат на посебна давачка којашто ја плаќаат приредувачите на игри на среќа. Дополнителни пари се собираат од данокот кој го плаќаат тие што добиле.Оваа сума е 10% од парите што годишно се собираат по основ на персоналец.