Пред еден месец им се понудија тезги за користење во рамки на Бит-пазар и ригорозни казни ако останат на тротоарите, сепак дивите продачи и натаму ги избраа јавните површини.

Топлото време деновиве беше дополнителна причина да се зафати секој ќош со диви тезги на тротоарите на Бит-пазар.

Распослани на тротоарите нелегалните трговци продава се и сешто од облека, електроника, чанти, чевли, а на горниот дел од пазарот пак тротоарите беа зафатени од продавчите на цвеќиња.

Кога во март градската власт најави дека ќе го решава проблемот со нелегалните трговци посочија и датум. Во соработка со “Скопски пазар”, кој стопанисува со зелените пазари, на овие луѓе требаше да им се понудат тезги во рамки на Бит-пазар под одредени поволни услови.

Дивите продавачи требаше да склучат договор со “Скопски пазар”, но претходно требаше да се јават на телефонскиот број 02-311-880 најдоцна до 5 април годинава.

Сите оние кои нема да го сторат тоа и ќе продолжат да продаваат на улица или на тротоар ќе бидат казнети согласно закон од страна на надлежните инспекции, тогаш децидно најави градската власт.

Фото: Вечер