„Облечи се како познат сликарски портрет или позната личност“ - наставничка по ликовно им даде задача на учениците

На креативноста и креативните луѓе им нема крај. Токму за ова пример е наставниката по ликовно Касиопеја Наумоска во општинското основно училиште „Круме Кепески“ во Кисела Вода во Скопје, која со својата имагинација успева секојдневно и во услови на пандемија да ја извлече креативноста од учениците.

Овој пат таа на своите ученици им даде задача „Облечи се како познат сликарски портрет или како позната личност“. 

Резултатите од задачата се воодушевувачки, а учениците на еден поинаков начин ја покажаа својата креативна страна. 

Сите фотографии од овој проект можете да ги видите на официјалниот сајт на училиштето