Облачно со слаб дожд, на планините повремен снег

Времето ќе биде променливо облачно, во утринските и претпладневните часови со врнежи од дожд, особено во западните и југоисточните делови. На високите планини со повремен снег. По котлините долж Повардарието со утринска магла. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови и засилен ветер, претежно од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 7,  а максималната од 7 до 16 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 8 степени.

И утре по котлините долж Повардарието ќе има услови за појава на утринска магла. Нов влажен бран ќе има од утре попладне кога се очекуваат пообилни врнежи претежно од дожд, најпрво во западните делови, а во вторник претпладне во источните. На планините врнежите ќе бидат од снег, а во вторник снег е можен и на некои повисоки места. До понеделник ќе се задржат повисоки температури и ќе има позначајно топење на снегот.