Облачно и ветровито денски, од вечерва вистинска зима

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот ќе биде претежно облачно, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Под влијание на влажен бран времето во текот на оваа седмица ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поројни и обилни. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец што ќе услови релативно топло време за овој период од годината и врнежи претежно од дожд.

Во следните три дена минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9 степени, а максималната од 9 до 17 степени.