Облачно и топло време, температури до 26 степени

Времето денеска ќе биде умерено, повремено значително облачно. Во крајните западни и крајните источни делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.

Во Скопје умерено облачно со слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе биде околу 12, а максималната ќе достигне 24 степени.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови следува период на стабилно време со благ пораст на дневната температура.