Облачно и топло овој последен четврток од годинава

Времето ќе биде променливо облачно, по одделни котлини и особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно и магливо со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 11 степени.

Продолжува стабилното време со релативно високи дневни температури, освен по одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската, каде ќе има појава на магла или ниска облачност и пониски дневни температури. Особено топло ќе биде на повисоките места за време на викендот и во почетокот на следната седмица.